Адвокатот Јанаки Митровски, смета дека судењето на обвинетите за 27 април, е повреда на правото на одбрана, затоа што судењата биле маратонски, од 10 часот наутро до 10 часот навечер.



„Судењето за 27 Април со маратонски судења од 10 сабајле до 10 навечер претставува повреда на правото на одбрана. Дел од обвинетите кои се од други градови беа буквално носени од постела на судење па враќани ид судење во постела и така секој ден“, вели Митровски во видео објавено на неговиот Фејсбук профил.