Адвокатот Јанаки Митровски се огласи околу обвинувањата за трошоците на екс министерката за култура, Бисера Костадиновска. Овој пат тој им се обрати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја замајува јавноста со екс Министерката за култура, Бисера Скафандерица и нејзините трошења по патувања. Или лупнете и кривична за Злоупотреба или престанете да не зафркавате со пазарења од 100 евра. Ако сметате дека тоа е илегално, а очигледно пред очите на јавноста сметате, Обвинителството сеуште е на истата адреса, Кеј Димитар Влахов бб Скопје“, напиша тој.





