Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски во интервју за „Телма“ вели дека ќе се залага за поголема почит од меѓународните партнери, додека за проблемот со Бугарија, смета дека ова прашање треба еднаш да се затвори и за сите и за секогаш.



„Не сум цврсто против вклучување на Бугарите во Уставот, но решен сум за целосно затворање на бугарското прашање. Ова значи дека целиот пакет мора да биде затворен.“

Јакимовски смета дека бугарската страна треба да одговори:

„-дали сме народ од 1944 година или сме од кога постоиме?

-Второ, дали нашиот јазик е бугарски дијалект или е посебен македонски јазик?

-Одговорете на овие две прашања, а за историските личности историчарите нека изнесат документи, нека докажуваат дали некој бил Бугарин или Македонец, можеби никогаш нема да се согласат, но тоа не може да биде услов за наш влез во ЕУ“, рече Јакимовски.