Коалицијата „Храбро за Македонија“ најавитужба во Управниот суд, како што велат, за украдени над 600 гласови на три избирачки места.



Стевче Јакимовски, предупреди и на кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, а не е исклучена и кривичната пријава за ДИК.

Тој вели дека има украдени гласови во ИЕ 1, 2 и 5 кои отишле во коалицијата ВРЕДИ и Европскиот фронт.

„Повеќе од 600 гласови се земени само од три избирачки места и се префрлени на други политички партии. Ова покажува колку голема била кражбата на овие избори, но и дека овој начин на крадење гласови од помалите партии кои немаат набљудувачи на избирачките места бил легален и во претходните изборни циклуси“, изјави Стевчо Јакимовски.