Јакимовски нема да се повлече од претседателската трка – за црната листа ќе поднесе пријава

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски е изненаден од одлуката на САД да биде ставен на „црната листа“ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител.



Јакимовски, како што изјави вечерва, нема да се повлече од изборната трка.

-Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилство, ако не како директно мешање во изборниот процес, што е казниво и кривично дело. Ова е мешање на странски разнувавчки служби во изборот на претседател на државата. Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против Н.Н. сторител. Мора да се утрвди кој од овде ја направи оваа нечесна работа, истакна Јакимосвки на прес-конференција пред Општина Карпош, која беше закажана по информацијата дека САД ги ставиле него и Катица Јанева на „Црната листа“