Не потпиша сосема „мазно“ вчерашното потпишаување на Кодексот за фер и демократски избори од страна на кандидатите за претседател на државата во Државната изборна комисија.
Имено, градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски рече дека Кодексот ќе го почитува, но нема да го потпише доколку ДИК не гарантираат дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средставата за кампања не биле рамноправно поделени.
Кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска Цветковска, во своето излагање пред потпишувањето на кодексот за фер изборен процес, рече дека нема верба во документот.
Според Ванковска во државата владее непочитување дури и на Уставот и законите, а информираше и за поднесена претставка пред Уставен заради дискриминаторна распределба на она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните“, рече Ванковска…





