„Да разговараш за идентитет, да разговараш за јазик, да разговараш за историски личности, за задачи коишто не ги имала ниту една нација, ниту една држава при влезот во ЕУ е како ние да не сме луѓе, како да сме Марсовци и треба да исполниме посебни критериуми“ вели кандидатот за претседател на државата Стевчо Јакомовски во интервју за Гласот на Америка.



На прашање на што конкретно мисли кога вели дека „државата нема да чека бесконечно влез во ЕУ“, Јакиомовски сѝо одговбор:

„Јас не велам дека ние треба да се откажеме од европскиот пат.

Но, ако до 2030 година не влеземе, ние ќе останеме на тој пат, но тој нема да биде приоритет.

Приоритет ќе биде да донесеме инвеститори, да обезбедиме проекти, да се подигне македонската економија. Да се отвораат нови работни места, да не се иселуваат младите и овој народ да живее подобро“, вели меѓу другото Јакимовски во интервјуто..