Прокељот е интересна и вкусен природен продикт кој има супер вкус. Освен што служи за подготвувње вкусни ручеци, салати, како и декорации, прокељот е навистина здрав. Еве како му помага на нашиот организам.
Тој е богат со витамини, особено витамин А, како и Ц, Б, Е и К. Содржи минерали, бакар, калциум, магнезиум, омега масни киселини и белковини.
Придонесува кожата да биде посјајна и поздрава, штити од токсини и ја подобрува работата на црниот дроб.

Прокељот може да остане свеж до десет дена, ако правилно се чува во фрижидерот. Чувајте го во пластична кеса така што цврсто ќе ги обмотате зелчињата и максимално ќе го истисннете воздухот. Не мијте ги пред да ги ставите во фрижидер, бидејќи изложувањето на вода ќе го забрза процесот на дехидрирање и расипување. Добро измијте го под млаз вода непосредно пред подотовката
Прокељот се подготвува сосема едноставно, така што после чистењето ќе го исечете стеблото, а главицата ќе ја исечете на четвртинки. Добро е да ги оставите 5-10 минути пред готвењето бидејќи така се активираат благотворните ензими. За да го зајакнете тој процес, може да ги испрскате со малку сок од лимон.




