Јавно продавале ,,Ладно оружје” и средства за тортура на луѓе среде град

Охридската полиција фатила две лица кои што Јавно продавале ,,Ладно оружје” и средства за тортура на луѓе среде ,,Балканскиот Ерусалим”.



Двете лица се соочуваат со затворски казни.

,,На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина.

Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се С.Ј.(63) од Охрид и Е.П.(47) од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети”, стои во информацијата што ја споделува Стефан Димовски, портпаролот на СВР Охрид.

Предметите за тортура и спроведување насилство се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.