Прво изнасилено ја употребуваше, и кај што треба и кај што не треба – а сега заборави на Северна. Димитар Ковачевски стана голем патриот во предизборие. Постојано зборува “нашата татковина, Македонија”.
– Моето семејство е тука во Македонија. Јас не барам чаре во други држави, како што немам резервна татковина, како што за разлика од многу, немам имоти и сметки во странство. И затоа знам, затоа многу ми значи, затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава – порача Ковачевски на митингот.
Ковачевски истакна дека Македонија мора да стане држава со европски стандард, европски вредности и да ги почитува европските правила на игра.
– Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила е енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност – изјави Ковачевски.





