Синоќа штипјанецот Ф.З. (25) сам се пријавил во полициска станица дека ја убил неговата партнерка Е.П. и кажал каде се наоѓа телото.
Тој ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
Тој кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип.
Телото било пронајдено од страна на полициски службеници.
Веднаш бил извршен увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител, информираат од МВР.






