Стопроцентно стојам зад програмата на ВМРО-ДПМНЕ, зад понудата на ВМРО-ДПМНЕ, онаму каде што сум целиот свој живот. Убеден сум дека во оваа ситуација која што ја имаме актуелната власт не треба само да биде поразена, таа треба да биде жестоко и убедливо поразена”, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против” на Алфа телевизија.
– Приоритетот за мај е јасен, а тоа е нова Влада, нова надеж за Македонија, да ги оправиме овие тешки состојби во кои што се наоѓаме – порача тој.
Ѓорчев додаде дека не може да се помири со тоа да Македонија секогаш во секоја варијанта е губитник, не може и не сака да се помири со тоа да по сите индикатори во цела Европа Македонија да е најлоша.
– Наредните месец ипол се одредува судбината на Македонија. Македонија со актуелната власт е најлоша и на Балканот и во Европа. Во таква Македонија не сакам да живеам, јас и моите деца, туку сакам да живееме во подобра земја. Значи не треба да ветува брда и долини, но едноставно да биде подобра земја. Целта е во регионот да бидеме најдобри – рече Ѓорчев.





