Ѓоковиќ по трагедијата во Нови Сад: Моето срце е со настраданите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испрати емотивна порака по трагедијата во Нови Сад во која вчера загинаа најмалку 14 луѓе, откако падна натстрешница на Железничка станица. 



„Моето срце е со настраданите во трагедијата во Нови Сад. Наше длабоко сочувство“, напиша Ѓоковиќ.