Еден од оние колачи чиј вкус и мирис може да ве врати во детството секако е и штрудлата со јаболка.
Состојки:
-Готови кори – 500 гр.
-Јаболка – 700 гр.
-Суво грозје – 80 гр.
-Ореви – 50 гр.
-Шеќер – 10 гр.
-Свежо исцеден сок од лимон – 25 мл.
-Ванилин шеќер – 10 гр.
-Шеќер во прав – 1 лажица

Начин на подготовка:
Лиснатото тесто со помош на сукало истенчете го во форма на правоаголник. На средината од кората ставете ги изренданите јаболка измешани со шеќер, сок од лимон, суво грозје, ореви и ванилин шеќер. Краевите споете ги преку полнетиот дел, прободете го тестото со виљушка на неколку места. Премачкајте со изматена жолчка и ставете го во садот кој претходно сте го испрале со ладна вода. Истиот процес повторете го со неколку кори. Печете околу половина час на температура од 225 степени. Кога штрудлата е готова наросете ја со шеќер во прав.





