Инфлацијата навистина се намали, но сепак е над целното ниво. Тоа е постојана состојба. Состојба која се зацврсна и зајакна. Податоците ги потврдуваат аргументите на американската централна банка за одложување на почетокот на процесот на намалување на каматните стапки.
Со падот на инфлацијата, се очекува каматните стапки да паѓаат.домашните економисти велат дека европската централна банка најави намалување на каматата од идниот месец. Овој сигнал треба да го следи Народна банка, но состојбата се усложнува бидејќи не се знае како што е се случува со американските федерални резерви, кои, исто така, влијаат на каматните стапки.

Еден ден пред објавувањето на априлските податоци за инфлацијата, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, рече дека американската економија „неодамна работи многу добро“, но дека првите месеци од 2024 година покажале „недостиг на напредок“ во намалувањето на инфлацијата до целните два проценти.
Пауел рече дека очекува инфлацијата „да се намалува од месец во месец до нивоа слични на пониските отчитувања што ги имавме минатата година“, но дека неговата „доверба во тоа не е толку висока како што беше порано“. Тој додаде дека ФЕД треба да биде „трпелив и да дозволи рестриктивната политика да си ја заврши работата“.

Предупредувањето на Пауел беше очекувано, бидејќи динамиката на економските активности во САД е највисока меѓу развиените земји, така што намалувањето на каматните стапки би ја подгреало инфлацијата.
Што се однесува до ФЕД, нема причина за брзање, бидејќи невработеноста сè уште опаѓа, а економијата расте, но остатокот од развиениот свет е во проблем, бидејќи нема економски раст или е минимален.





