Што „ќе доведат до крај, кое го започнале на 27 април“, како што се закани Села од Гостивар?! – Најавува ли вителни настани?!

Вечерва, на 11 јануари 2025 година Зијадин Села, како лидер на крилото во Алијансата за Албанците, на средба, што ја организираа во Гостивар се огласи со затскриена закана дека „отпорот на 27 април не бил само поради изборот на првиот претседател на парламентот, туку бил и поради јазикот“ и посебно нагласи: „Она што го започнавме на 27 април ќе го доведеме до крај! Ние сме подготвени да ја доведеме оваа работа до крај!“. Останува се уште нејасно: каков „отпор на Албанците кон газдите“ навестува Села и каква нивна „подготвеност да ја доведат оваа работа до крај“? Што „започнале на 27 април“ и сега решиле „да го доведат до крај“, поврзано со вителните настани од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија? Дали можеби Зијадин Села најавува некакви слични турбулентни настани, но и каде?!



Во својата информација со наслов „Села: Она што го почнавме на 27 април ќе го доведеме до крај! Не смеат да се гибаат албанските достигнувања…“ ТВ Клан Македонија објави: Лидерот на Алијансата за Албанците Зиjадин Села вечерва на средбата во Гостивар изјави дека „никој не смее да ги гибне албанските достигнувања“. Тој додаде дека „Албанците не им се покоруваат на туѓи газди, бидејќи своите права ги постигнале со жртви и крв“.

Телевизијата ги цитира зборовите, кои ги кажа Села во Гостивар во овој контекст: „Националната припадост не е чувство, туку тоа е она какви биле мојот татко и мојот дедо. Тоа е како се зборува, традициите, културата, затоа нема да дозволиме да се избришат овие албански особености. Го отстранија балансерот, го гибнаа јазикот, мислеа дека нема да има отпор и оти Албанците ќе бидат ставени пред свршен чин. Вреди избраа да не реагираат и да го слушаат газдата. Но отпорот на 27 април не беше само поради изборот на првиот претседател на парламентот, туку беше и поради јазикот и но ние сме подготвени да ја доведеме оваа работа до крај… Алијансата за Албанците беше и продолжува да биде бескомпромисна, за да ја однесе оваа земја кон ЕУ, како што ја одведовме и во НАТО.“