Мирно, раздвижено, со клуч на општината и мештани кои си ја бркаат својата работа. Ваква слика затекнале ТВ 24 денеска во Арачиново. Ден по пукањето кон градоначалникот Ридван Ибраими. Повредените се стабилни иако возачот е на Карил, а полицијата се уште го бара напаѓачот.
По вчерашниот инцидент, кој се случи тука во скопската општина Арачиново, во кој мета на истрели од огнено оружје беше градоначалникот на Арачиново, денеска во оваа општина е мирно. Жителите со кои разговаравме зад камерите, велат дека воопшто не чувствуваат страв.
Жителот на скопско Арачиново, кој единствено реши да даде изјава, но сакаше да остане анонимен, вели дека не бил во општината во моментот на пукањето, а информацијата ја дознал од своите најблиски. Вели не се чувствува страв меѓу жителите затоа што свесни се дека немало никаква поврзаност со нив.
Градоначалникот на општината, Ридван Ибраими, денеска не беше достапен за јавноста. Општината под клуч, авработените во општината велат дека протестираат. Тие сочувствуваат со болката на нивните ранети колеги кои што се во болница. Дел од нив зад камерата велат дека во текот на ноќта биле во болница покрај своите колеги.
Линк до целиот текст на ТВ 24, погледнете го видеото: https://24.mk/details/tv-24-vo-arachinovo-shto-se-krie-zad-napadot-na-gradonachalnikot-politika-i-predizborie-ili-lichni-presmetki






