Што навистина треба да содржи новата потрошувачка кошница?!

Минималната потрошувачка кошница на Синдикатот реално ги покажува потребите, но стојат на располагање ако државата има потреба од нивната експертиза во пресметките. Од ССМ за МТВ велат дека сезонското овошје влегува во кошничката и цените се анализираат во периодот кога тоа најмногу се купува.



Граѓаните се на ставот дека само основните прехрамбени производи треба да се пресметуваат во минималната потрошувачка кошница. Нелогично е, велат, да има цигари, и друг вид на овошје кое нее сезонко – како цреши, праски, дињи или лубеница.

Од Владата рекоа дека мора да се интервенира во методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка, но и дека во нејзината подготовка треба да бидат вклучени сите засегнати страни.

Проблемите со цените траат веќе подолго време поради што граѓаните одлучија да ги бојкотираат маркетите со што нивниот промет се намали за речиси 50 отсто. Нов бојкот е најавен за во петок. Што се однесува пак до најавениот бојкот, Синдикатот ќе го поддржат, оти како што велат, на скапотијата и нема крај.

Во синдикалната минимална кошничка влегуваат 63 производи. Во онаа на државниот завод за статистика која ја објавува еднаш годишно има 210 производи. Во двете има сезонско овошје.

Владата и бизнисот сега бараат во пресметката на кошничката да учествуваат и други институции, како министерство за економија, финансии, државен завод за статистика, организација на потрошувачи. Дел од експертите велат дека ако се планира едно тело да ја крои оваа кошничка во анализата не треба да учествуваат министерства доволни се само синдикатите и статистичарите.

Сепак, граѓаните негодуваат дека и покрај бојкотот, цените на производите останале високи. В петок, освен во Македонија, ќе се бојкотира и во Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна, сите поттикнати од Хрватска.