Што кажал Видевски за убиствата на Вања и Панче, а сега негира!?

На денешното рочиште од судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, ќе се читаат исказите на осомничениот Боре Видевски дадени во текот на истрагата.



На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства.

Тој тврдеше дека за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје и тоа до 10 часот, а потоа си заминал во Велес.

Негираше се’ што кажал во полициска станица и тврдеше дека бил тепан за да признае и потпише вина

По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.