Штитела ли екс советничка на Заев корумпирани членови на Судскиот совет – жестоко обвинување во Собранието

Жестока обвинувања за екс советничка на екс премиерот Заев во Собранието каде на Комисијата за политички систем се разгледуваше годишниот извештај на ДКСК за борбата против корупцијата.



Пратеникот и потпретседател на Парламентот Антонио Милошоски на сите кои тврдат дека се залагаат за индивидуална одговорност во правосудството им порача да побараат оставка од Чачарова Илиевска, член на Судскиот совет на Македонија и поранешен советник за правда на бившиот премиер Заев, како и поранешен раководител на партиската комисија на СДСМ.

Милошоски во својот говор рече дека Чачорова која беше известител во РСС предложила отфрлање на иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорноста на судиите кои се членови на управниот одбор на Академијата за судии, а во врска со пресудата на Вишиот управен суд кој со пресуда потврди дека АСЈО го прекршила членот 8-а од изборниот законик.

РСС ја отфрли оваа иницијатива заради ненавремено поднесување на истата, но од ДКСК со соопштение реплицираа дека поднесокот е навремен бидејќи истиот е пратен во рокот од 15 дена од приемот на пресудата на Вишиот управен суд , со која се потврдена повредата на изборниот законик од страна на АСЈО.

Целото обраќање на Милошоски