Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ! – Германија мора да го забрза пристапувањето на Р*М во ЕУ!

„Разбирлива е растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон ЕУ. Македонците со право се фрустрирани од ЕУ. Германија мора да стори нешто, за да го забрза пристапувањето на Р*М во ЕУ, да одигра клучна улога во надминувањето на пречките од одредени вето-играчи во оваа многу сложена игра!“ – вели во разговор за Дојче веле на македонски јазик д-р Марк Шпајх, државен секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.



Дојче веле пишува: „Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од пристапувањето кон ЕУ. Има добра причина за тоа. Пристапувањето трае 20 години и сè уште нема исход., Тоа предизвикува фрустрација. Најдобриот начин да се оди напред е да се забрза процесот и тоа мора да се случи од страна на ЕУ. Знаеме дека има одредени вето-играчи во оваа многу сложена игра. Но, тука треба да ја примениме политичката моќ и Германија треба да игра клучна улога овде во надминувањето на тие пречки. Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство.“ – вели Шпајх.

Шпајх неделава беше во дводневна посета на Скопје и имаше средби со највисоките политички и економски претставници, се сретна и со група млади новинари кои учествуваат во проект за борба против дезинформации финансиран од владата на Северна Рајна Вестфалија. Шпајх вели дека Германија нуди бројни можности за младите од * Македонија, но насоченоста е притоа е да не се поттикнува „одлив на мозоци“.

„Ние нудиме пракса во компании во Германија, но не за да им понудиме можност да останат и да работат во Германиј, туку да ги вратиме како амбасадори за можностите, што постојат овде во однос на економските активности. Се работи за можностите за отворање на производство овде во оваа земја. За поврзување на нашите две стопанства многу поблиску отколку што е случајот денес. Она, што го гледаме, е дека тоа навистина се случува. Некои од оние, кои стажирале во Германија, сега се вработени во подружници на тие компании овде во оваа земја. Овие врски сѐ уште растат не се толку големи, но тоа е она, што јасно го гледам и оваа можност е потценета во нашиот регион.“ – вели Шпајх.