Само една недела пред донесувањето на Стратегијата за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Шпанија ја доведе во прашање не само стратегијаta туку исто така и на целиот процес поради спротивставување во процесот да биде вклученo и Косово, пишува Коха Диторе, како што пренесуваат белградски медиуми.
Официјален Мадрид е една од петте земји-членки на ЕУ (покрај Грција, Романија, Словачка и Кипар, кој одбиваат да го признаат Косово како држава.
Во писмо во форма на “нон-пејпр” Шпанија се противи на употребата на терминот WB6, што се однесува на шест земји од Западен Балкан, и истакнува дека „Косово не е дел од процесот на проширување“ пишува приштински Коха Диторе.
Ако се земе во предвид забелешките на Шпанија, според најавите, тогаш стратегијата на проширување, наместо поддршка за проширување на ЕУ,се повеќе се гаси…
„Коха диторе“ забележува дека овој пристап на Шпанија е резултат на внатрешните проблеми.
Мадрид има проблем со барањето независност на Каталонија.




