Фудбалерите на Шпанија по четврти пат во историјата станаа европски шампиони, откако во големото финале на ЕУРО 2024 во Берлин ја совладаа Англија со 2:1.



Триумфот на Шпанија е триумф на најдобриот и најубавиот фудбал на овој турнир, ова беше седма победа во исто толку натпревари во првенството на селекторот Луис де ла Фуенте – Шпанија е целосно заслужена на европскиот трон.

Со вториот гол во постигнат во 86 минута Шпанија ја  ја освои титулата на Европското фудбалско првенство 2024.

Првиот гол за Шпанија го постигна Нико Вилијамс додека вториот гол го даде Микел Ојарзабал. Единствен гол на англиската репрезентација го постигна Колт Палмер во 73-тата минута.

На титулите од 1964, 2008 и 2012 година, Шпанија ја додаде оваа од Германија по феноменалните изданија од почетокот до самиот крај на турнирот.