Попладнево се играше или се доигруваше 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига во кое скопските црвено црни одиграа нерешено кај Силекс во Кратово со 0-0, а тетовските со исти бои триумфираа кај Победа во Прилеп со 2-0. Со тоа, разликата меѓу главните претенденти за пехарот се зголеми на 11 бодови кои мора да кажеме даваат и непотполна слика зошто сепак треба да се знае дека Вардар има одиграно две средби помалку. Во меѓувреме првакот не ја мина екипата на Академија Пандев која остана на второто место. Во другите денешни дуели во нашата Прва фудбалска лига Скопје славеше со Пелистер 1-0, а Работнички со истиот резултат беше подобар од Шкупи. Потсетуваме вчера Ренова беше убедлива со Академија Пандев со 3-1.





