Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, изјави дека Израел не врши геноцид врз Палестинците во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.



„Немаме никакви докази“, рече тој пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот.

Остин инсистира во корист на пакетот странска помош што е закочен во Претставничкиот дом.

Пакетот предвидува милијарди воена помош за Израел, Украина и пацифичките сојузници.

Во исто време, шефот на Пентагон ги истакна и напорите за ослободување хуманитарна помош за Палестинците.

Остин, исто така, рече дека воената операција за создавање пристаниште во Газа за испорака на хуманитарна помош по море ќе биде готова до крајот на април. „Тоа е нешто што имаме можност да го направиме и мораме да го направиме“, рече тој.