Шефот на израелската дипломатија Гидеон Са’ар го информирал македонскиот колега Тимчо Муцунски за процесот на ослободувањето на заложниците од страна на палестинската организација Хамас.
Муцунски во разговорот одржан по телефон добил покана да замине во Израел.
,,Зборував со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски.
Разговаравме за регионални прашања и го информирав мојот колега за рамката за ослободување на заложниците. Ја изразив мојата желба за зајакнување на билатералните односи и го поканив мојот колега да го посети Израел”, објави Са’ар.






