Шест причини зошто е добро што СДСМ нема да може да ги спроведе предизборните ветувања

Професорот Трајко Славески кој е еден од авторите на економската платформа и програма на ВМРО-ДПМНЕ открива зошто е добро што СДСМ со пораз на изборите ќе ја загуби можноста да ги спроведе предизборните ветувања.



Тој наведува дека платите што сега растат номинално всушност го јаде инфлацијата и дава шест важни причини зошто е добро што СДСМ нема да биде дел од идната влада:

Нивното очајничко ветување е неодржливо и претставува гол популизам од следниве причини:

Прво, ретко кој политички субјект пред граѓаните настапува со ветување за зголемување на платите во номинален износ. Тоа е ексклузивна одлика на СДСМ, а од неодамна и на српскиот претседател Вучиќ, што наликува на некоја „Отворен Балкан“ стратегија.

Сериозни политички субјекти ветуваат издржан економски модел, базиран на зголемување на приватните и јавни инвестиции и пораст на продуктивноста; владеење на правото; сериозна борба против корупцијата; јакнење на институциите на пазарната економија; поддршка на ранливите категории граѓани и достоинствен животен стандард за пензионерите и сл.

Второ, оперирањето со просечен износ на нето-платата е погрешно. Многу порелевантен показател за куповната моќ на вработените е медијалната (средна) плата. Кај нас околу 3/4 од вработените примаат плата пониска од просечната. Час поскоро нашите институции, пред сè Државниот завод за статистика, треба да почнат да го објавуваат износот на медијалната (средна) плата, што претставува стандардна практика во меѓународната статистика на пазарот на труд.

Трето, за куповната моќ на доходите релевантна е реалната плата, односно номиналната плата коригирана со стапката на инфлација. Во изминатиот период на владеење на владата предводена од ДУИ/СДСМ поради високата стапка на инфлација (25% кумулативно за 2023 и 2024 година) целокупниот номинален пораст на платите го „изеде“ инфлацијата. Тоа го чувствуваат и граѓаните кои се екстремно незадоволни и покрај номиналниот раст на платите.

Можеби ќе ве интересира
🎥 ПОМЕЃУ СТЕВО И ИФТАР, КОВАЧЕВСКИ ИЗБРА ИФТАР Лидерот на…

Плусинфо 05/04/2024
ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Седумте…

Плусинфо 04/04/2024
Четврто, секое зголемување на платите со политички притисок, преку пораст на минималната плата, ќе води истовремено до повисока стапка на инфлација. Трошоците за труд во голем број сектори и претпријатија се значителна ставка и на работодавачите не им преостанува ништо друго освен таквиот пораст кој го надминува растот на продуктивноста да го префрлат врз цените, што само по себе ја подгрева инфлацијата.

што само по себе ја подгрева инфлацијата.

Платите реално може да се зголемуваат само со реален раст на економијата и на продуктивноста на трудот. Во спротивно и понатаму ќе бидеме сведоци на спиралата цени-плати.

Петто, секое зголемување на минималната плата не може а да не биде вкалкулирано во зголемување и на останатите плати во економијата, во приватниот и во јавниот сектор. Во изминатиот период бевме сведоци на бројни протести и штрајкови на вработени во јавниот сектор поради неусогласувањето на нивните плати со зголемувањето на минималната плата, а некои протести, како тој во здравството се најавени за во скоро време. Не може владата да се фали со зголемување на минималната плата, и одредено усогласување кај некои дејности или установи кои преку разни форми на притисок издејствувале повисоки плати за своите вработени, а да им го ускратува правото на усогласување на платите на илјадници други вработени на кои таа самата им е работодавач.

Шесто, секое зголемување на платите што не е резултат на реален раст на додадената вредност на економијата и на продуктивноста води до сериозни макроекономски нерамнотежи. На ова во своите извештаи укажуваат и меѓународните финансиски институции, пред сè ММФ.

Целата колумна на Плусинфо