Шверцерски се гради во од УНЕСКО строго заштитена зона во Охрид

Министерството за одбрана и министерката Славјанка Петровска не само што не запреле со градба на објект во заштитена зона туку испраќаат работници кои работат за време викенд кога во Охрид не функционираат инспекциските служби.



Вчера и денеска на локацијата на брегот на Охридското езеро кај Билјанини извори која е клучна за статусот на Охрид како заштитено подрачје за УНЕСКО се гради односно се ставаат темели на нова база кој што го загрозува природниот амбиент.

Работите кои се изведуваат во Сабота и Недела а кои се дел од тендер вреден околу 600.000 евра се изведуваат во прва А заштитена зона што е најстрого забрането и со домашното законодавство но и со правилата на УНЕСКО.

Со градбите Петровска и министерството за Одбрана го провоцираат УНЕСКО и го става во опасност статусот на Охрид како заштитено подрачје, тврдат еколошки активисти кои се плашат јавно да говорат за проблемот поради страв од реваншизам.

Според нивните тврдења Министерството за одбрана под раководство на министерката Петровска незаконски гради во најзаштитениот дел од Охридското езеро.

Министерството за одбрана на крајот на минатата година договорило градежни активности во реонот на Студенчишта река, денес позната како Каналот Студенчишта.

За овој зафат на министерството за одбрана кое го раководи во јавноста речиси да нема информации.

Според информациите на expres.mk министерството за одбрана планира сложени градежни активности во реонот познат како Студенчишко Блато конкретно на левата страна на каналот Студенчишта.

Овој реон е заштитено природно и културно подрачје од прва категорија и секој градежен зафат во него значи можност УНЕСКО да го одземе статусот на Охрид кој сега е под специјална заштита.

Според планот на министерството за одбрана таму треба да се вршат градежни работи од голем обем кои значително ќе влијаат на природните состојби.

Извори во министерството за одбрана тврдат дека се работи за проект вреден најмалку половина милион евра за кој во детали е запозната и министерката Петровска која дала дозвола за градбата во заштитениот појас на Охридското езеро.

Во овој дел од имотот на Министерството за одбрана сега се издаваат плацеви за паркирање на чамци и бродчиња што дополнително ја загрозува животната средина во заштитениот дел од Охридското езеро.

Охридските еколошки здруженија засега молчат за скандалот.

Горан Момироски

Најчитани статии

Откако Ковачевски, Пендаровски и Османи ги ставија граѓаните во хаос со личните документи

Техничкиот министер Тошковски покрај МВР го ,,презема” и ресорот МНР на Османи