Шаќири: Изводот од матичната книга на родени за лицето, што се пријавува за вработување – појдовна точка на законот за правична застапеност

„Појдовната точка на законот за правична и соодветна застапеност ќе биде биде изводот од матичната книга на родени за лицето, кое поднесува пријава за вработување.“ – изјави Ријад Шаќири, пратеник од коалицијата „Вреди“ во емисијата „Дневен клик“ на ТВ 21. Тој додаде дека вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи, кој работи на овој закон, веќе ја испратил неговата нацрт-верзија до пратеничката група на Вреди. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.



„Со законот за правична и соодветна застапеност ќе одлучиме дека главната појдовна точка ќе биде да се зема предвид изводот на родените за лицето, што се пријавува за одредена работа. Во изводот е искажана неговата националност и таму не може да се промени ништо. – рече меѓу другото, Ријад Шаќири.