Средбата на владите на * Македонија и Косово отвора нова ера на заемната соработка! Во ноември Албанците направија историска револуција и така продолжува!“ – нагласува Амир Шабани, политички аналитичар од Македонија и магистер по меѓународни односи и дипломатија, во својата колумна со наслов „Средбата на владите на Р*М и Косово – една нова епоха!“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина.
Натаму во колумната Шабани истакнува: Додека албанската опозиција од * Македонија испраќа писма со поплака во различни земји, други, кои го добија целосниот и чисто албанскиот легитимитет на албанскиот народ, со учеството во сегашната власт на * Македонија отвораат нова ера во создавањето политики, економски развој и енергетската и образовната соработка.
Без сомнеж овој чекор го зголемува одличното искуство од регионалната соработка, материјализацијата на регионалните иницијативи, поддржани од ЕУ, како што е Берлинскиот процес, и посветеноста за забрзување на полноправното членство и синхронизација со законодавството на ЕУ како регион во целина.
Економската соработка меѓу Косово и * Македонија, која расте, се очекува да се удвои во текот на 2025 година, да се материјализира соработката во енергетскиот сектор како одговор на енергетската криза, но и соработката во образовниот сектор што ќе го зголеми научниот и едукативно-образовниот квалитет на образованието преку размена на предавачи и студенти.






