Денешниот ден е идеален за чоколадна торта.
Состојки :
-25 гр. лешници печени
-220 гр. шеќер
-220 гр. путер несолен
-40 гр. какао
-1 лажичка сол
-5 гр. прашок за пециво
-200 гр. брашно
-150 гр. црно чоколадо крупно сецкано
-225 мл. слатка павлака
-4 јајца

Упатство:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење во две округли тави за печење. Со миксер матете го брашното, прашокот за пециво, солта, путерот, јајцата и шеќерот 2 до 3 минути. Во малку топла вода разматете го какаото и додадете го на тестото. Убаво промешајте. Поделете ја смесата во двете тави подеднакво и печете 25-30 минути. Извадете ги тавите од рерна, оставете да се изладат 10 минути и одстранете ја хартија за печење. Додека се лади тортата, подгответе го филот. Растопете го чоколадото. Во мал сад додадете ја хоплата и зовријте ја на средна температура. Тргнете ја хоплата и додадете го чоколадото. Убаво промешајте и оставете го кремот да се лади и згусне. Лешниците додадете ги во блендер и ситно исецкајте ги. На чинија ставете ја едната торта. Со 1/3 од кремот намачкајте ја тортата. Покријте ја со другата торта и со преостанатиот крем намачкајте ја целата торта. Попрскајте ја со исецканите лешници.





