Чија е Македонија според турските историски архиви

Стотици грчки активисти на социјалните мрежи се обидуваат да ја спинуваат или минимизираат информацијата што во Октомври ја објави налогот на Македонската национална академија, неформална група која објавува едукативни историски инфорамции за Македонија.



Во информацијата се поместени податоци објавени од турски научник и офицер кој врз основа на официјални извори тврди дека Македонија не е грчка.

Во 1993 година, генералот на воздухопловните сили на Република Турција Ердоган Ознал, кој во тој момент бил началник на Институтот за историски и стратегиски истражувања на турската армија, издал книга во Анкара со име „Македонија не е Грција“.

Во оваа книга авторот претставува дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табели за бројот на жители, територијата, како и пописот на населението од 1904 година за различните народи кои живеат во Македонија и број на жители од секој народ посебно.

Според сите наведени податоци содржани во книгата која може да се најде на Амазон Македонија не може да биде Грчка.

Линк до МНА

Најчитани статии

Правосудна мафија 2: Предмет на сопруг на правосудна ,,моќничка” вреден милиони ,,смрди” на сомнеж за корупција