Четири лица загинаа во пожар во вагон на Централната железничка станица во Софија, а уште две се тешко повредени. Станува збор за бездомници кои ноќта влегле во вагонот и го подметнале пожарот. Огнот е изгаснат.
Вагонот бил дел од железничка композиција на станицата за релацијата Софија – Петрич, која требаше да тргне во 7:30 часот утрово.
Двете жртви се примени во Универзитетската ургентна болница „Пирогов“ на Одделот за токсикологија. Едниот има речиси 65 години, а другиот над 35. Двајцата се во тешка состојба.
Директорот на противпожарната служба, главниот комесар Александар Џартов, изјави дека вагонот не бил напуштен, туку оперативен.
Истрагата е во тек.






