Честитка од Атина, Бугарија ја призна македонската нација, истото го бара од Грција

– Добро би било во скоро време парламентите и на другите соседни земји со посебна резолуција да ја признаат посебноста и постоењето на македонскиот народ, му порачал бугарскиот премиер Бојко Борисов на грчкиот колега Алексис Ципрасс на билатералната средба во Атина, јавува Сања Ристовска дописничката на весникот „Нова Македонија“ од Атина.



Изјавата на Борисов е првата јавна недвосмислена потврда дека Бугарија ја признава македонската нација како засеба од бугарската.

Предходно официјална Софија постојано тврдеше дека со договорот за добрососедство  Бугарија не може да ја признае македонската нација и јазик затоа што тоа е работа на меѓународните организации и ОН.

Двајцата премиери во главниот град на Грција разговарале за повеќе теми а бугарскиот премиер пред своите домаќини ја споменал и „Поранешната Југословенска Република Македонија“ за која пред своите домаќини рекол дека Бугарија ја признава како ако Република Македонија.

Двајцата премиери се согласни дека балканските земји имаат капацитет и можат да соработуваат, а Балканот не смее повеќе да биде буре барут.

Повеќе детали за средбата во текстот на Сања Ристовска.