Поранешната ѕвезда на серијата “Вовед во анатомија”, Кетрин Хајгл, на својот блог искрено пишува за борбата со постпородилните килограми, но и со нејзиното незадоволство и негативни мисли, и чувствата во тој период. Минатата година Кетрин го роди синот Исус.
“Јас нема да лажам, се поправив за време на бременоста речиси дваесет килограми и често имав напади на паника, затоа што мислев дека нема да можам да ослабам”, признава актерката во еден од нејзините блогови.
Кетрин Хајгл, се обиде да ја регулира тежината со вежби и специјални диета планови, но нејзиното тело, како што вели таа, “имало други планови.”

“Во еден момент, по четири месеци обидување јас се откажав од борбата, и наместо тоа почнав да го почитувам своето тело, такво какво што е”, вели актерка.
“Ова е мојата одлука промени се. Веднаш штом престанав да паничам и да се нервирам, почнаа килограмите да се губат. За неколку недели изгубив тринаесет килограми, како да се случи некое чудо.”
“Сеуште не сум ја вратила на посакуваната фигура и тежина.Килограмите полека исчезнуваат, но сега барем јас немам напади на паника и го ценам тоа што е мое”, изјави актерка.

Кетрин Хејгл веќе неколку години е во брак со музичарот Џош Кели, а двојката веќе има две посвоени ќерки, четиригодишната Аделаида и седумгодишната Налеј кои ги посвоиле во 2009. и 2012. година од Северна Кореја.




