Home Македонија ЦУК: Спасени три момчиња од надојдената Треска

ЦУК: Спасени три момчиња од надојдената Треска

Три 16-годишни момчиња синоќа биле спасени откако останале на островче од песок и чакал создадено од надојдените води на реката Треска предизвикани од испуштањето на водата од браните Матка и Козјак.



Случајот бил пријавен преку Центарот за управување со кризи вчера нешто по 19 часот.

Од ЦУК најпрво биле повикани специјалните полициски сили да интервенираат, а истовремено побарале од диспечерите на хидроцентралите Козјак и Матка веднаш да го намалат истекот на вода за да се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Околу 23 часот, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата со чамец успешно биле префрлени на брегот, информираат од ЦУК.