ЦУК: Пожарот зад армиското стрелиште Пенуш се движи во насока кон Брегалница

Пожарот што се разви вчера далеку зад армиското стрелиште Пенуш кај Штип, како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).



Ќе се обидеме да го сопреме на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна. Гори пред се трева, грмушки и жбунести ниски смреки, стои во објавата од ЦУК.

Останати активни пожари на отворено има во Општина Чашка, с.Јаболчиште, с.Дреново врв Лисец, Општина Долнени, с.Небрегово, Општина Пробиштип, место викано Балабаница, с.Зелен Град, Општина Македонски Брод, с.Брзеница (ново жариште), Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.