Дури 26 пожари на отворено имало во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат пет, информира ентарот за управување со кризи (ЦУК)
Активните пет пожари се во општините – Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки).
Изгаснатите 21 пожар се во општините – Центар, Чучер Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Бутел, Петровец, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари, Сарај, Битола, Прилеп, Долнени, Долнени, Струга, Струга, Градско Кочани, Штип, Тетово и во Општина Богданци.
Месецов заклучно со 12.07.2024 година, имало вкупно 173 пожари на отворен простор.





