За поддршка на настраданите од пожарот во Кочан и нивните семејства досега се собрани 51.822.579 денари, соопшти денеска Црвениот крст.
Оттаму мајавуваат дека се во подготвителна фаза за првична исплата на средствата собрани за најитните потреби наменети за погодените од пожарот.
Тие ги повикуваат сите да продолжат да покажуваат хуманост и солидарност за жртвите и да ја изразат нашата најдлабока благодарност до сите кои донираа.
Владата најави дека сите семејства погодени од трагедијата првично ќе добијат по 150.000 денари






