Премиерот Алексис Ципрас вчера одбележа десетгодишнина како лидер на СИРИЗА, истакнувајќи дека продолжува „со истата страст“.
„Продолжуваме со иста страст, со ист ентузијазам и иста (можеби дури и повеќе) смелост“, објави тој на „Твитер“.
Твитот беше придружуван од фотографија на Ципрас на 5-та конференција на Синаспизмос одржана на 10 февруари 2008 година, кога беше избран за претседател на партијата.
Синасписмос е најголемата партиска компонента на СИРИЗА,
СИРИЗА (кратенка од Synaspismós Rizospastikí Aristerás), е политичка партија во Грција, првично основана во 2004 година како коалиција на левичарски и радикални леви партии.
Претседателот на партијата, Алексис Ципрас, служеше како премиер на Грција од 26 јануари 2015 година до 20 август 2015 година и од 21 септември 2015 година до денес.





