Ципрас: Ерга омнес за влез на Скопје во НАТО

Со цел да се унапреди курсот за влез на Скопје во НАТО, неопходно е да се договори „сложено име со моќ над се друго“ изјави  Алексис Ципрас во заедничата изјави со премиерот на Скопје по завршувањето на тричасовниот состанок на двајца премиери на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Меѓу другото, пренесоа грчки медиуми, Ципрас истакнал дека е важно да се решат иредентистичките прашања.



„Мое длабоко убедување е дека Балканот многу страдаше од национализам и тензии. Она што е потребно е да се промовира агенда за развој, со цел регионот да оди напред и да се соочи со големите предизвици на 21 век”, рече грчкиот премиер.

Според Ципрас, двајцата политичари „имаат желба да се соочат реално и со одговорност со нашите вистински разлики.

Не сакаме само да го решиме проблемот со името, туку да ги ставиме односите на државите на цврсти темели. прво Што значисправување со  иредентизмот во сите негови форми, па дури и со гаранции дека нема да оставиме отворен простор за да создадеме слични предизвици во иднина“, рече Циппрас и додаде дека „Зоран ме информираше дека е подготвен да преземе конкретни иницијативи директно во оваа насока“.