Цената на становите како никогаш до сега – расте и бројот на одобренија за градба

Градењето станови е и повеќе од бизнис и за инвеститорите, но и за купувачите. За едните, бидејќи нивниот производ веднаш ќе се продаде, а за вторите, бидејќи паметно го вложиле својот капитал, односно парите. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани биле изградени речиси 6000 станови. 



Статистичарите пресметале дека 2.331 биле изградени од страна на физички лица, односно инвидуални градители, а  3.445  ги граделе градежните компании.

Во 2023 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 599 милион евра. Од нив, 308 милиони евра се за објекти во индивидуална сопственост. Во текот на 2023 година се градени вкупно 2 874 објекти, а завршени се вкупно 3 445 станови со вкупна површина од 243 815 м2 , од кои 3 415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70.8 м2 . По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Југозападниот, Пелагонискиот итн.“ – велат од Државниот завод за статистика.

Вредноста на објектите кои ги граделе физички лица се проценува на околу 220 милиони евра. Што се однесува до деловните субјекти односно компаниите, нивниот број на изградени објекти лани достигнува речиси 2900 објекти, a 70 квадрати во просек биле становите кој што ги граделе градежнтие фирми.

Податоците на државната статистика велат дека во полошкиот регион има најмногу изградени објекти од страна на физичките лица. Градежните компании пак најмногу инвестираат во скопскиот регион.

Ново изграден стан во центарот на Скопје се движи од 1500 до 2000 евра. Полуксузните може да чинат и над 3000 евра за метар квадратен. Градежниците се децидни дека стабилизирање на цената ќе има но не и пад на цените на ниво од пред пандемијата.

Ваквата состојба со цените на становите придонесе да профитираат и граѓаните кој продаваа стар или реновиран стан.

Лани, градежните компании и индивидуални сопственици вложиле речиси 900 милиони евра во изградба на станови. Индивидуалните сопственици градат поголеми станови, а компаниите многу помали. Лани, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 223,8 милиони евра.