Целодневен распит на Палчо во Обвинителство

Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е за првпат на распит во скопското обвинителство.



Обвинителите првпат го сослушуваат, откако беше екстрадиран од Турција, каде беше во бегство.

Неговиот адвокат во изјава за медиумите вели дека Палчо негирал вина, а се уште не знаат со какви докази располага Обвинителството.Тоа што останатите обвинети го посочиле како сторител, според Палчо било поради претходни непријателства и веројатно и политички недоразбирања. Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше изведен на суд на новинарите им рече дека има докази дека не е виновен за убиствата.