Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Велигден веднаш по Божиќ се смета за најрадосен христијански празник. На велика сабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца.
На ден Велигден, велигденскиот понеделник и вторник, кои се по него, православните христијани во светот се поздравуваат со Христос воскресна, и се одговара со Навистина воскресна.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.





