Со Светлиот понеделник, започнува Светлата недела односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.
И во овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење.
Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.
Вториот ден од Велигден е неработен ден во Македонија.
Христијаните се поздравуваат со „Христос воскресе – Навистина воскресна“ сѐ до Спасовден.





