Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој денеска го посети Кочани каде се потпишаво Книгата на жалост за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир,“ напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.
Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти.





