Хрватска ќе испрати во Украина тенкови М-84, од Германија ќе добие „леопарди“

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и неговиот германски колега Борис Писториус во Берлин потпишаа писмо со намери за испорака на хрватски тенкови M-84 и оклопни возила M-80 во Украина во замена за најмодерните германски тенкови „Леопард 2А8“ со цел да се изедначат стандардите во НАТО.



„Хрватска ја покажа својата подготвеност да испрати 30 тенкови и 30 оклопни возила во Украина. Поддршката за Украина вклучува и испраќање муниција. Германија ќе обезбеди финансиска поддршка за тој проект“, изјави Писториус по средбата, пренесува хрватската новинска агенција ХИНА.

Според неговите зборови, Хрватска ќе работи на модернизација на своето оружје и за овие потреби ќе набави германски тенкови „Леопард СА8“.