Хрватската влада драстично ќе ги зголеми платите на премиерот, шефот на државата на министрите, вкупно на 270 владини функционери.
Премиерот Андреј Пленковиќ ќе си ја покачи платата за речиси 2.500 евра, колку и платата на претседателот Зоран Милановиќ како и онаа на парламентарниот спикер, Јандроковиќ.
Зголемените плати ќе им легнат на сметка веќе во август, со платата за јули.
Нивната основна плата ќе се зголеми за 83,45 отсто, ,нето платата на функционерите ќе се зголеми за повеќе од 60 отсто, а на највисоките државни функционери за 70 отсто.
Со покаќувањето ова ќе бидат новите плати на највисоките владини функционери:
Зоран Милановиќ (претседател): 6.074 евра нето (стара плата 3.600 евра нето)
Андреј Пленковиќ (премиер): 5.535 евра нето (стара плата 3.263 евра нето)
Гордан Јандроковиќ (претседател на парламентот): 5.314 евра нето (стара плата 3.113 евра нето)
Марко Приморац (вицепремиер): 4.776 евра нето (стара плата 2.769 евра нето)
Дамир Хабијан (министер): 4.167 евра нето (стара плата 2.357 евра нето)
Платите на повеќето пратеници треба да се движат меѓу 3.500 и 4.000 евра нето.
Премиерот Андреј Пленковиќ е убеден дека тој, претседателот, министрите, пратениците и уставните судии навистина заслужуваат вакво драстично зголемување на платите.
„Темлите за функционерите кои со години се непроменети, сега сме во позиција да ги подигнеме“…
„Сметаме дека зголемувањето на платите е антикорупциска мерка.
Откако обезбедивме голем економски раст, ги зголемивме минималните плати, време е да ги зголемиме платите на министрите“, рече Пленковиќ.





