Хрватска: Од петарда останал без око

Малолетник кој со запалка активирал, најверојатно фрленото пиротехничко средство во Загреб, завршил во болница со тешки повреди, извести вчера полицијата, повикувајќи ги родителите да ги предупредат децата за опасностите од пиротехниката.



Нова ТВ јавува дека се работи за 14-годишно момче кое на патот нашло петарда и ја запалило.

„…е работи за повреда на десното око со губење на видот, а тој се здобил со повеќе изгореници на лицето, двете раце и повеќекратни скршеници на левата рака“, изјави Марио Куртанјек, педијатриски хирург во загребската Педијатрија.

Поради ваквите случаи, петардите од секаков вид беа целосно забранети пред три години.

Но, наскоро ќе започне продажбата на дозволените средства на возрасни. Од 27 декември до 1 јануари може да се користат пиротехнички средства од категориите Ф2 и Ф3.

„Т.н. ознака Ф3 е нешто посилно пиротехнички средства како што се некои ракети, огномет и слично, тоа се средства чија употреба го зголемува ризикот“, забележува Раде Стојадиновиќ, судски експерт за оружје и балистика.