Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во хрватскиот град Дарувар, јавува Index.hr.
Неофицијално, се дознава дека убиецот е пензиониран воен полицаец од Долен Дарувар, чија мајка наводно била корисничка на тој дом.
Според информациите на ТВ Нова загинале четворица жители и еден вработен во Домот.
Како што неофицијално се дознава, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинаа на лице место, а некои се упатени на лекување.
Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето Дарувар.
Шефицата на болницата во Пакрац рече дека во нејзината болница биле примени седум пациенти.
Од нив пет лица се со тешки физички повреди.
На социјалната мрежа ‘Х“ се огласи премиерот Андреј Пленковиќ.
„Згрозени сме од убиството на пет лица во Домот за стари лица во Дарувар. Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите и се надеваме на оздравување на ранетите.
Очекувам надлежните органи да ги утврдат сите околности на страшно злосторство“, напиша тој.





